Милена Миленковиќ (41) на почетокот на 2019 година ја доби ќерката Василика. Ја нарекуваше Палчица, но набрзо дозна дека таа може засекогаш да ја изгуби мајка си – дијагностициран и бил рак на дојка само пет месеци по породувањето. За жал, таа не издржа и почина, јавуваат утрово српските медиуми.

Со ваква тешка дијагноза, Милена не сакаше да се откаже речиси две и пол години и храбро и се спротивставуваше на кобната болест.

Малата Василика растеше, а храбрата мајка добиваше терапии, на крилјата на хуманите луѓе кои помогнаа да добие се што и треба.

Болеста, сепак, беше посилна.

– Мила Мики, не се договоривме вака, рече дека мора да живееш, бидејќи немаш на кого да ја оставиш твојата мала принцеза. Имаше големи планови за тебе и твојата Василика, се бореше напорно, најтешко. И, за жал, сепак ја остави. Голема чест ми беше што те запознаав! Господ нека ти го подари царството небесно. Ќе те сака и ќе те памети твојата „лудача“, напиша на Фејсбук нејзината пријателка Снежана Козомора Галиќ.

Милена беше ИТ експерт, ентузијаст за фотографија и „фриленсер“. Пред сè – храбра мајка со големо срце.