Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека околу 4 часот утрово во нишкиот хотел „Амбасадор“ го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати во главата, дознава „Блиц“.

– Бјелогрлиќ налета и го удри Антонијевиќ во главата – тврди изворот на „Блиц“.

Антонијевиќ има видливи повреди на лицето.

Како што дознава „Блиц“, Бјелогрлиќ е во нишката полиција, каде чека да даде изјава.

Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“.

Антонијевиќ објави преписка со Бјелогрлиќ од 2016 година, во која се вели дека „може да заработи 100 сома“, а од е-поштата се гледа и дека Антонијевиќ категорично одбива да го стори тоа.

Бјелогрлиќ тогаш го негираше тоа и тврдеше дека преписката е фалсификувана.