Корисниците од населбите Бутел 1, Бутел 2 и Расадник, населбата и индустриска зона Визбегово, населбите Кучевишка Бара и Шуто Оризари, затворот Шутка, населбите Скопје – Север, Топаана и Топанско Поле, поголем дел од Општина Чаир и Момин Поток утре од 4:00 до 6:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од ЕВН Македонија, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е реализација на Проектот за реконструкција и модернизирање на 110 киловолтната трафостаница „Васил Главинов”.