Актуелниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, Душко Вескоски најверојатно ќе биде кандидатот на СДСМ во Општина Карпош на претстојните локални избори, објави порталот Локално.мк.

Карпош беше една од општините за кои лидерот на партијата, Зоран Заев не соопшти конечен кандидат пред неколку дена.

Весковски е поранешен претседател на ОО СДСМ Карпош и актуелен организациски секретар на партијата, а неговото име беше во комбинација и за минатите избори, но тогаш партијата му изгласа доверба на Стефан Богоев.