Десет години малолетнички затвор за 17-годишната девојка што уби момче и го турна во реката ПенаОбјавено пред 26 минути – 14 март, 2023Од Макфакс

На 10 години малолетнички затвор е осудена 17-годишната девојка за убиството на 16-годишниот Б.Х., чиешто тело беше пронајдено во реката Пена на крајот на минатата година.

Пресудата ја соопшти тетовскиот суд, од каде претходно не беа споделувани детали за јавната расправа бидејќи се работи за малолетници.

Истражителите утврдија дека на 21 декември, по вербална расправија во автомобил, девојката со предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во Пена.

Телото на момчето беше пронајдено починато по течението на реката по 7-часовна потрага.