Претседателската кандидатка на екстремната десница на последните избори во Франција, Марин ле Пен, денеска беше погодена со јајце во лицето во северниот град Сен-Амон-ле-О.

Медиумите објавија дека пред да полета јајцето, се слушале вулгарни пцовки.

Како што може да се види на видеото објавено на Твитер, Ле Пен била удрена со јајце по лицето, по што ја наведнала главата и го покрила лицето со косата, останувајќи во таа положба.

Од партијата на Марин Ле Пен изјавија дека овој гест е „маргинален“.