Масовната евакуација по воден пат од плажите ја води крајбрежната служба на Грција, со пет брода како и 30 приватни бродови и чамци.
Над 1.500 лица, меѓу кои поголемиот број туристи се евакуирани во акцијата на крајбрежната служба на Грција што е во тек во источниот дел на грчкиот остров Родос, поради големиот пожар што од планината го промени правецот и се приближи до туристичките места, јави дописничката на МИА од Атина.
Според фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, ситуацијата е хаотична, а на секој можен начин, со бродови, чамци, возила, камиони, автобуси, луѓето се префрлаат на безбедни локации.
Масовната евакуација по воден пат од плажите ја води крајбрежната служба на Грција, со пет брода како и 30 приватни бродови и чамци, а дополнително кон островот се упатува и брод на воената морнарица.
Пожарот и понатаму е вон контрола, а пожарникарите се обидуваат огнените јазици да ги задржат подалеку од хотелите и домовите.
Заменик- градоначалникот на Родос Костас Тараслиас за грчката телевизија Алфа рече дека шумскиот пожар, активен веќе петти ден, го променил правецот и се насочил кон туристичките места, меѓутоа засега материјална штета на објекти или хотели
Паралелно објасни дека ќе постои информативен центар за туристите на англиски јазик. Според локалните медиуми од островот, во конкретниот дел има луксузни големи хотели.