Украинските медиуми и очевидци известуваат за повеќекратни експлозии во јужниот град Одеса веднаш по 18 часот по локално време.
Еден сведок изјавил за Си-Ен-Ен дека видел најмалку еден борбен авион над градот.
Оперативната команда на војската (Југ) на Telegram соопшти дека пистата на аеродромот во Одеса е оштетена.
Експлозиите се слушнале набргу откако сирените за воздушен напад се огласиле низ градот.