Сител дознава дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донел одлука и дава поддршка на предлогот на лидерот Христијан Мицкоски да се пристапи кон целосна блокада на работата на Собранието.

Мицкоски побара блокада на Собранието откако премиерот Димитар Ковачевски го одби неговото барање за лидерска средба на која што ќе се расправа за датум за предвремени парламентарни избори.