ПАРИЗ – Едно лице загина, а две се ранети по напад со нож на минувачи во центарот на Париз, во близина на Ајфеловата кула, изјави вечерва на платформата „Х“ (Твитер) министерот за полиција Џералд Дарманен.
– Полицијата уапси напаѓач кој нападна минувачи во Париз, во близина на кејот Гренел. Едното лице починало, а другото е рането и веднаш му била укажана помош од припадници на противпожарната единица. Ве молиме заобиколете го тој простор, напиша министерот на социјалната мрежа.
Ројтерс јавува, повикувајќи се на агенцијата Франс прес, дека осомничениот извикал „Алах е голем“, но дека засега не може да ја потврди оваа информација.
– Починатиот маж е германски турист кој има и филипинска националност, дознава „Фигаро“ од полициски извори. Француската канцеларија за борба против тероризмот соопшти дека се уште не покренала истрага.