Кривичната постапка против шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин ќе биде отфрлена, а тој ќе замине во Белорусија, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно во саботата утрото по изјавите со кои го објави бунтот на „Вагнер“, руската внатрешна разузнавачка агенција Федералната служба за безбедност (ФСБ) отвори кривична постапка против Евгениј Пригожин за дело „вооружен бунт“ и порача дека неговите изјави се „повик на започнување вооружен граѓански судир на руска територија“.
Протпаролот на рускиот претседател Владимир Путин притоа не прецизираше што Пригожин ќе прави во Белорусија која е најблизок сојзуник на Русија со којашто има договор за сојузна држава од 1990-те години.
Претходно кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека, по консултациите со рускиот претседател има разговор со Евгениј Пригожин кој се согласил да ги запре конвоите на „Вагнер“ кои се упатија кон руската престолнина Москва и да преземе дополнителни чекори за деескалација на тензичната ситуација започната ноќта кон саботата откако шефот на привантната воена формација објави дека единиците се префрлиле од Украина во Русија го заземале штабот на Јужниот воен округ и се упатиле кон Москва на „марш на правдата“ со цел да го сменат рускиот воен врв со кој тој со месеци е во лична конфронтација.
Како што објави кабинетот на Лукашенко „на масата е погодна и прифатлива опција за решавање на ситуацијата, со безбедносни гаранции за борците на групацијата“. Како што претходно беше најавено, тоа вклучува амнестија за борците на „Вагнер“ кои не извршиле кривични дека во изминатите 24 часа од почетокот на бунтот и не учествувале во организирањето на она што претседателот Путин го нарече „предавство предизвикано од преголеми амбиции и лични интереси“.
Припадниците на побунетата приватна паравоена формација „Вагнер“ започнаа да се повлекуваат од јужниот руски град Ростов на Дон во саботата вечерта откако по полноќ минатата вечер извршиле препад во објектот, вклучително и од седиштето на штабот на Јужниот воен округ. Од територијата на штабот претходно се повлече и масата жители на Ростов на Дон која во обидот да ги блокира единиците на „Вагнер“.
Веста на руските новински агенции за повлекувањето на борците на „Вагнер“ ја потврди и новинарот на Reuters кој е стациониран во Ростов на Дон.
Претходно Пригожин објави дека единиците на „Вагнер“ ќе се повлечат во нивните бази и оти го запреле конвојот кој се движеше кон Москва за да не се пролие руска крв.
Во едноминутната ауди-објава Пригожон вели дека единиците на „Вагнер“ кого сакале „да го расформираат“ на 23-ти јуни трнале на „марот на правдата“. Вели дека конвојот, за кој западните медиуми преку свои извори тврдат дека бил од 5.000 борци, за 24 часа дошле на 200 километри до Москва.
„За тоа време не пролеавме ниедна капка крв на нашите борци. Во овој час дојде моментот кога може да се пролие крвта. Поради тоа, сфаќајќи ја целата одговорност дека ќе биде пролеана руската крв од едната страна, ние ги свртуваме нашите конвои и заминуваме во обратна насока во нашите теренески кампиви, согласно плановите“, вели Пригожин во гласовната порака чијашто автентичност не е потврдена досега.
Следните денови треба да дадат одговор на прашањата дали зад бунтот на „Вагнер“, во чија команда влегоа и пензионирани и неодамна сменети восоки офицери и функционери во Министерството за одбрана, стојат конфронтациите околу начинот на водење на војната во Украина, лични нетрпеливости кои кулминирале или станува збор за обид за изведување државен преврат во Москва со политичка заднина, па можно и со поддршка од странство.