На истокот на Украина и ноќе нема мир. Продолжија артилериските дуели, а покрај минофрлачи се користи и артилерија од поголем калибар посебно оној од 152 мм.
Артилериските престрелки се водат со повремени паузи.
На социјалните мрежи се појави снимка од населбата Станиција Луганска која се наоѓа на линијата на допир со силите на Донбаската народна република.
На снимката која се појави вечерва се гледа куќа која е разорена од артилериска граната и предизвикала пожар на гасоводот кој мештаните се обидуваат да го изгаснат.
House caught fire in Stanytsa Luhanska as result of shelling https://t.co/yguPvF3pIZ pic.twitter.com/Yc7pgYgR35 via @tweetsNV #Ukraine
— Liveuamap (@Liveuamap) February 17, 2022
Одредени руски медиуми јавија дека исто така силите на одбрана на Народната република Доњецк и Донбас во петокот рано утрото започнале евакуација од селото Александровка во предградието на Доњецк.
Оваа информација ја соопштија повеќе известувачи за руските медиуми од Доњецк, повикувајќи се на шефот на администрацијата Константин Калог.
Имено, огнените позиции на украинските единции се наоѓаа на само неколку стотина метри од селото Александровка, а евакуацијата следува поради тоа што селото е постојано под оган.
Како што соопшти Константин Цаги, мештаните се собираат во близина на селското училиште и организирано со автобуси се префрлаат на безбедно, но точната локација не е соопштена.
Гранатирана градинка во Луганск, ЕУ го осуди нападот
По пријавеното гранатирање на градинка во Станиција Луганска, ЕУ најостро го осуди нападот, наведувајќи дека ваквото неселективно гранатирање на цивилната инфраструктура е целосно неприфатливо и јасно прекршување на прекинот на огнот и договорот од Минск.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел во вечерашната изјава повика на итен прекин на ескалацијата на насилството и ја поздрави „континуираната воздржаност“ на Украина.
„Како Европска унија, ние сме обединети во нашата непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Европската унија целосно ја поддржува работата на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ и повикува на нејзин непречен пристап до целата територија на Украина во согласност со нејзиниот мандат“, заклучува Борел во писмената изјава.
Запад ја повика Русија во ОН да не ги признава самопрогласените република Доњецк и Луганск
Франција, Германија, Ирска, Естонија, Албанија и Норвешка денеска во Обединетите нации ја повикаа Русија да не ги признава самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск.
„Предупредуваме дека таквиот потег може дополнително да го поткопа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и директно да го поткопа духот и словото на Минските договори“, се вели во заедничката изјава за спроведувањето на договорите од Минск, пренесува Спутник.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Веришинин изјавата ја нарече непотребна шпекулација.
„Ова е апел на пратениците на Државната дума. Затоа треба да се концентрираме на реализација на договорите од Минск, а не на шпекулации“, рече Верешинин.
Тој истакна дека „ова е предлог за разгледување на прашањето, иако самата формулација го одразува расположението на руското општествово за Донбас“.
Државната дума на Русија усвои нацрт-резолуција за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), а документот е проследен на потпис до рускиот претседател Владимир Путин.
Оваа одлука на Државната дума беше критикувана од западните земји, а Украина официјално побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да го разгледа ова прашање.