Пожар зафати три куќи во Дојран. Се врши итна евакуација на граѓаните, а засега нема повредени.

– Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени, соопшти директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Неофицијални информации велат дека пожарот првично избил на депонијата, а поради ветрот се шири и кон градот.

Наскоро се очекуваат повеќе информации…