Пред неколку минути се случи убиство во Тетово, пишува Алсат. Според информациите, станува збор за едно починато лице, додека полицијата е веќе на местото на настанот.

Убиството се случило после населбата Мема.

„Ова е продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница“, јавува репортерот на ТВ21 од лице место.

Причините кои довеле до престрелката се уште не се познати, но според неофицијални информации што ги има Tetova Sot, починало едно лице со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.

На терен се полициски екипи и итната помош.