Најмалку 20 лица загинаа вечерва откако автобус падна од надвозник во близина на Венеција, јавуваат италијанските медиуми.
Автобусот излетал од патот и паднал во близина на железничка пруга во областа Местре, која е поврзана со Венеција преку мост, јавија италијанските новински агенции и телевизиии. Причината за несреќата се уште не е јасна.
“Тоа е апокалиптична сцена. Јас сум без зборови”, објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро на мрежата X, порано познат како Твитер.
Скај Италија објави дека 18 тела досега се извлечени откако автобусот се запалил, а има многу повредени.
🇮🇹 | URGENTE: Un vehículo en llamas cayó desde la rampa en la carretera cerca de Venecia dejando al menos 20 muertos y 15 heridos: "Una escena apocalíptica, no hay palabras", afirma el alcalde de Venecia, Luigi Brugnaro. pic.twitter.com/Z6W1kZmOsn
Un’immane tragedia ha colpito questa sera la nostra comunità. Ho disposto da subito il lutto cittadino, in memoria delle numerose vittime che erano nell’autobus caduto. Una scena apocalittica, non ci sono parole. pic.twitter.com/APnsQoPMkL