Од 18 часот целосно затворен за сообраќај е патниот правец Прилеп-Градско за секаков вид на возила поради случена сообраќајна несреќа.

Според информации на ТВ21, формирана е долга колона, а дел од автомобилите се пренасочени преку стар земјен пат.

„На 21.03.2024 година од 18.06 часот на магистралниот пат Прилеп-Градско, помеѓу раскрсница за с.Ореовец и с.Плетвар, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин“, информираат од АМСM.