Таткото си го убил синот вечерва во Тетово, објавија локалните медиуми.

Според нив, се работи за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70.

Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот. Според првите информации, се сомнева дека таткото со ловечка пушка го убил синот.

Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.

Полицијата е на местото на настанот и ги истражува причините за убиството.

Според податоците, на инцидентот му претходела вербална пресметка. Жртвата има 46 години, додека мажот кој пукал има 70 години.

ТВ21 вечерва објави ексклузивни снимки од Тетово, каде во моментов истражители трагаат по докази за убиството кое најверојатно се случило пред два дена во „Блок 70“ во Тетово.