Украинската делегација е на територијата на Белорусија, на влезот на местото на преговорите. Ова рано утрово го објавија дел од медиумите, цитирајќи извор близок до преговарачкиот процес.

– Украина на разговорите ќе ги слушне сите предлози на Русија, ова го изјави водачот на најголемата парламентарна фракција во Радата, од владејачката партија „Слуга на народот“, Давид Арахамија.

– Треба да ги слушнеме и мирно да ги мериме сите предлози и нивното влијание врз интересите на земјата и нејзините граѓани, напиша тој на Фејсбук.

Според локалните медиуми, во украинската делегација, покрај Арахамија, се и Игор Абрамович, заменик од партијата Опозициска платформа – За живот, заменик министерот за одбрана и уште неколку лица.