Во судирите што избија на протестите во близина на владината зграда во главниот град на Ерменија, повредени се 34 лица, од кои 16 полицајци и 18 цивили, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
„Во судирите во близина на зградата на Владата, според првичните податоци, повредени се 34 лица, од кои 16 полицајци, 18 цивили“, се наведува во соопштението.
Се додава дека 17 од нив ја добиле потребната медицинска помош и се пуштени на домашно лекување, пренесува агенцијата Ерменија Ајсор.
Насобраните на денешниот протест во Ереван побараа ерменските власти да преземат конкретни чекори во врска со ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах.
Disorder has once again erupted near the government building in Yerevan, with 34 people injured, including 16 police officers.
The cause of the unrest was the erection of tents by protesters in Republic Square, which the police are attempting to disperse. Opposition members are… pic.twitter.com/YKeluhdxxu
— 301🇦🇲 (@301arm) September 19, 2023
Граѓаните загрижени за ситуацијата во областа населена со претежно Ерменци ги блокираа сите влезови на Плоштадот на Републиката во центарот на Ереван.