ВМРО-ДПМНЕ однесе победа и во Радовиш, Зелениково, Василево, Чешиново- Облешево, Конче и Карпош.

Според последните информации, покрај победата во Скопје, Охрид и Битола, ВМРО-ДПМНЕ победи и во Ресен, Лозово, Гевгелија, Пехчево, Македонска Каменица, Брвеница, Ново Село…

СДСМ според информациите има водство во Центар, Шуто Оризари, Чашка, Кочани…

Максим Димитриевски најверојатно ќе ја добие изборната трка во Куманово, покажуваат првичните неофицијални информармации до кои дојдовме. Засега, Димитриевски има водство пред кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски.

Во Гостивар пак, Арбен Таравари е на добар пат да ја повтори победата од првиот изборен круг. Имено, Таравари има предност и по пребројувањето на гласовите во вториот изборен круг.

Во Карпош, стабилно водство има Стевчо Јакимовски на пребројани 46 од 74 избирачки места. Јакимовски има водство од 1600 гласови.