Македонскиот интернационалец Горан Пандев го постигна својот прв гол во дресот на Парма и тоа на дуелот против Порденоне во Серија Б.
Нашата легенда влезе во игра во второто полувреме откако по првите 45 минути „млекарите“ беа во негатива на „Енио Тардини“. Пандев погоди во 55.минута за 1-1 по асистенција на Франко Васкез.
Само неколку минути подоцна Пандев учествуваше и во акцијата за вториот гол, по неговиот удар голманот едвај ја одбрани топката, по што на неа натрча Ман и од непосредна близина ја смести во мрежата.
Гостите беа во шок, Васкез погоди за 3-1, но веднаш потоа Пандев заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет, по само 25 минути на теренот на „Енио Тардини“.