Традиционално, во Македонија не може да помине верскиот празник Водици без некој скандал, поврзан со фрлањето на светиот крст.

Пред десет години години, во 2014 година најголемиот срам се случи на фрлањето на крстот во Штип, кога крстот беше одземен од раце на жена што имаше ксмет да го фати. Едвај го вратија дури по интервенција на полицијата.

За прв пат тогаш во Штип крстот го фати жена. Борислава Васкова (31) од Штип беше среќничката која таа година го извади светиот крст од водите на Брегалница. Сепак, и оваа епизода не помина без срам. Свештеникот кој го фрли крстот требаше да го пријави случајот во полиција, за се да заврши како што треба.

Крстот на Борислава и беше украден буквално од рацете. Потоа настана голема караница, која на крајот требаше да ја расчисти полицијата.

Исто така, во 2011 година во Делчево се случи срамен инцидент. Погледнете ја снимката