Атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова е во нова летна акција, во нов фитнес „летен предизвик“. Уште пред неколку недели таа ја најави и се подготви за својата летна трансформација, повикувајќи ја својата армија следбеници да и се приклучи во што поголем број, за сите заедно подготвени да го дочекаат летото.
Во продолжение ви го пренесуваме нејзиното последно обраќање на социјалните мрежи:
Цел живот со траума од една иста мисла: -Кога ќе ми “излезе” капачето од коленото следен пат?😖 -До кога ќе издржам со овој проблем?! 😢 – Како ќе се симнам јас по овој пат сега?!😩
Четири месеци без два дена од втората (и дај боже засекогаш последна) операција на коленото.
Без проблем ги правам СИТЕ ВЕЖБИ (а најмногу им се радувам на исчекори), и не можам да ви опишам колку сум среќна што го пишувам ова, а посебно горда кога ја гледам оваа или било која друга слика од мене.
За рекордно време успеав да го вратам мускулот на ногата и НЕ, не беше лесно. Тешко беше, болно, демотивирачки. Сум седела по цели вечери и сум плачела затоа што нити едно апче не можеше да ми помогне. Станував за да се исплачам кога никој не ме гледа и секогаш кога ќе ме прашаа од дома како ти е…?!
-Никогаш не се пожалив дека не е добро, дека е лошо и дека има ноќи кога посакувам да си ја искорнам косата од болки.
Ама помина❤️
И ете ме сега, стојам како пример пред цела Армија, пред илјадници жени кои се борат секој ден да стигнат до целта.
Влегуваме во Недела 3, и знам дека има денови кога ви е смачено и од планот и од мене и од целово ова.
Ама знаете и вие, а знам и јас дека ќе вреди❤️
Секој ден ми е убаво што стојам на нозе и што си помогнав сама, вежбав и со конци и кога најмногу болеше.
Ау колку е слатко кога ќе успееш, а си поминал по најлошиот пат и си стигнал до целта!🙌🏼
Истото ве чека и вас!!!
Не не плаши ни Недела 3, ниту ниедна следна!!
Оваа година ветивме дека ќе има најмногу трансформации и има да го исполниме тоа па што сака нека биде!!!!🔥💪🏾
Фала ви што бевте тука во мојот најтежок период, затоа ни јас не ве оставам сега❤️