На јужниот брег на Чиле, морето се повлекло пред доаѓањето на цунамито по силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Тоа е водна површина помеѓу најјужниот врв на Јужна Америка – Кејп Хорн и Јужните Шетландски Острови на Антарктикот.
Властите издадоа итно предупредување за цунами, што доведе до наредба за евакуација.
Освен жителите на Магаљанес, се евакуираат и жителите на Пунта Аренас и Пуерто Наталес. На жителите на овие населби им било наредено да се оддалечат од брегот.
Според првичните проценки, се очекува цунами од еден до три метри да го преплави брегот.
CHILE |
Hay alerta de Tsunami para las costas de #Chile, luego de un sismo de 7.5 grados.
El mar se ha retirado en algunos sectores
Video TVN pic.twitter.com/LZ5wzXe2v5
— SomosEstrategia (@SomosEstrategia) May 2, 2025
Врз основа на прелиминарните параметри на земјотресот , можни се опасни цунами бранови на бреговите лоцирани во радиус од 300 километри од епицентарот на земјотресот .
Чилеанската хидрографска и океанографска служба процени дека во наредните часови брановите ќе стигнат до Антарктикот, а потоа и до градовите на крајниот југ од Чиле.
Претседателот на Чиле , Габриел Бориц, повика на итна евакуација на населението.
Патем, според податоците од чилеанската агенција за катастрофи (Senapred), повеќе од 1.700 луѓе се евакуирани на повеќе локации во ретко населената област, вклучувајќи 1.000 од градот Пуерто Вилијамс и 500 од Пуерто Наталес.
Околу 32 лица беа евакуирани од чилеанските истражувачки бази на Антарктикот.