Како последен во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапи Иван Симиќ (24), чиј ментор е Александар Милиќ Мили, а кој поради тоа што нашата Валери Димовска беше дисквалификувана од шоуто бидејќи не се појавила на снимањето (позитивна на Ковид-19), младиот Симиќ мораше сам да настапи на сцената, без свој противкандидат.
За време на настапот на Иван настана вистински шок пред камерите, кога тој падна на бината при крајот на песната, а девојката која дојде како негова поддршка му порача на Воја во бекстејџот да повика брза помош, бидејќи тоа не е планирано како дел од кореографијата.
Сепак, се покажа дека тоа е само дел од настапот на Иван.
– Иван, ти си многу убав и карактеристичен за мене, но пеењето беше такво… – рече Вики.
– За мене ти си топ, за мене си токму тоа што го бараме – рече Цеца, а Ана Бекута се согласи.
– Мислам дека се е кажано, овој човек има мозок и го користи, тоа е многу важно бидејќи голем број кандидати имаат мозок и не го користат – изјави Марија.
Иван освои 4 гласа, што не беше доволно за директен пласман во следниот круг, но за среќа успеа да помине во баражот и да обезбеди понатамочно учество.