Џина Џиновиќ одговараше на прашањата на нејзините следбеници, кога нејзиниот брат влезе во собата…

Џина Џиновиќ, ќерка на пејачот Харис Џиновиќ и креаторката Мелина Џиновиќ, има голем број следбеници на социјалните мрежи, со кои споделува бројни детали од нејзиниот приватен живот.

Џина снимаше во живо во нејзината соба, во вилата за која Харис плати 2 милиони евра, а во еден момент и се придружи и нејзиниот брат Кан.
Тоа не и се допадна, дојде до конфликт, па го избрка со зборовите: „Сељачино некултурна! Научи да се однесуваш“.

Харис неодамна откри што мисли за социјалните мрежи и реалните шоуа.

– За ова ново време, можам да кажам дека е глупаво. Овие млади генерации прават се’, освен она што треба да го прават. Дури и денес, обврските на човекот се исти како и пред 3.000 години, да спијат, да јадат и да работат. А ова денеска, мене ми изгледа како забава, веројатно така е кога родителите ти се „под глава“, можеш да правиш што сакаш, бидејќи се друго ти е егзистенцијално осигурано. TikTok немаше да им падне на памет ако ги немаа елементарните работи што го сочинуваат животот, да требаше да станат во 5 наутро и да ја одработат смената. Од ова што е денеска, ништо не признавам, изјави Џиновиќ претходно за Аваз.