Дејан Станковиќ реагираше жестоко кога Сампдорија доби црвен картон, а тоа ги повлече навивачите на Рома да почнат да скандираат со навредливи зборови кон српскиот стратег.

Веднаш стана Жозе Мурињо и им рече да престанат. По натпреварот Станковиќ му се заблагодари на Португалецот со кој заедно ја освои тројната круна во Интер.

А со изјава се јави и Мурињо: „Не треба да ми се заблагодарува, тоа го направив за голем човек и пријател. Јас сум бил навредуван многу пати на различни навивачи на стадиони секаде во светот, изградив ѕид околу мене за заштита и сигурен сум дека и Деки го прави истото“.