Претходно оваа недела, фотографијата од преполн американски воен авион што го напушти Кабул се прошири на социјалните мрежи.

Во него имало најмалку 823 луѓе, дознава Си -Ен -Ен од екипажот на авионот.

Оваа бројка е поголема од претходната проценка, според која на тој лет биле евакуирани 640 лица.

“Се работеше за животите на жени и деца и на сите луѓе. Не се работи за капацитет или правила и прописи. Се работи за обука и упатства што ги следевме за да се осигураме дека можеме да извлечеме толку многу луѓе безбедно и ефикасно”, рече поручникот Ерик Кут, кој на крајот го одобрил преполниот лет.

Десетици Авганистанци прескокнаа низ полуотворената рампа и така избегаа од талибанците.

“Евакуираните дефинитивно беа желни да излезат од областа, и ние бевме среќни што влегоа во авионот. И тие дефинитивно беа возбудени кога полетавме”, рече наредникот Џастин Триола.

„Сите беа многу воодушевени што всушност заминаа“, изјавил наредникот.