Вработените и во јавниот и во приватниот сектор во Грција, кои не се вакцинираат, од септември ќе мора да се тестираат за ковид-19 најмалку еднаш неделно и тоа на свој трошок.

Грција не размислува да воведува нов локдаун, независно што ќе покаже распространувањето на коронавирусот. Економијата нема да се затвори, изјави за грчката телевизија „Скај“ портпаролот на владата во Атина, Јанис Иконому, кој додаде дека цената на тестовите би била фиксна, но тие, за жал, ќе бидат задолжителни за невакцинираните работници.

И портпаролот го повторил ставот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека економијата нема да се затвори и дека ќе нама локдаун. Грција пред сезоната ги вакцинираше граѓаните на островите со цел да се нормализира туризмот.

Иконому навести дека одлуката за ова, грчката влада се очекувало да ја донесе веќе наредната недела.

Според него, вакцинираните работници ќе имале повеќе можности и опции за движење, додека невакцинираните би можело да се соочат со рестрикции