Д-р Каран Раџ на TikTok се осврна на студија која тврди дека големината на пенисот може да се мери според тоа колку е долг показалецот на мажот.
Има познати приказни дека и мажите со големи стапала и нос имаат голем пенис. Дали има вистина во тој мит, решиле да утврдат научниците, кои набрзо сфатиле дека ова е уште еден од старите митови кои навистина „не држат вода“. Сепак, се чини дека постои уште еден дел од телото што може да сигнализира дека мажот е надарен.
Д-р Каран Раџ, кој е популарен на TikTok, даде објаснување: „Според уролошката студија во Asian Journal of Andrology, пократкиот показалец во споредба со палецот е во корелација со поголем пенис.“
Сè е контролирано од тестостеронот
„Ова е познато како мерка, која се пресметува со делење на должината на показалецот со должината на малиот прст. Колку е помал показалецот, толку е помала мерката што се пресметува“, продолжи д-р Раџ.
„Помала мерка укажува на висока изложеност на тестостерон во матката. Според студијата, тестостеронот ја контролира не само идната должина на пенисот, туку и идната должина на прстот“, заклучил тој.
Некои корисници на TikTok се пошегуваа дека отсега ќе „шетаат со рацете во џеб“.
Истражувањата покажаа дека просечната големина на пенис во ерекција варира од околу 13 см до 18 см. За потсетување, не можете да го зголемите или намалите пенисот со вежби или лекови.