Српскиот гастроентеролог проф. д-р Воислав Перишиќ за српските медиуми зборуваше за млекото и неговите благотворни, но и штетни ефекти. Најважно е да препознаеме кое млеко е најздраво и да знаеме каде го купуваме, какви крави го дале. Во спротивно, предупреди, млекото може да содржи материи кои се штетни за кардиоваскуларниот систем, црниот дроб и срцето.
– Значајно е луѓето да знаат за млекото, многуммина велат дека млекото е опасно, не само поради алергии туку и други појави. Сега се зборува за типови на млеко, А1 млекото содржи бета-казеин од кој може да се направи опијатот казеоморфин, а млекото А2 не го содржи тоа – рече тој.
Кои крави даваат подобро, а кое полошо млеко?
– Сте ги виделе ли оние мали кравички? Тие создаваат А2 млеко, без казеоморфин, а тоа млеко е поздраво бидејќи не создава опијатен ефект при варењето. Овој ефект дополнително влијае на срцевите заболувања, хипертензијата, црниот дроб… Големите крави прават А1 млеко, само по себе не е добро, но го прават во големи количини, па се исплати. Еден мој пријател има крави кај Златар (планински венец во југозападна Србија) и купи една серија крави. Гледам две од нив, слаби, мали, никакви. Ми вели во зима не мора да одат во штала, помалку млеко прават, но е поздраво, рече д-р Перишиќ и објасни што всушност значи тоа.
– Станува збор за активни хемиски супстанци, во процесот на варење од казеинот се создаваат соединенија со биолошка активност, кои совршено се апсорбираат, влегуваат директно во крвта и мозокот и имаат опијатно дејство. Просечната крава во Србија, 70 отсто, е А1. Го изгубивме чекорот во сточарството со популацијата на крави кои даваат здраво млеко. Дали знаете каде нема бетаказеин? Во козјото и овчо млеко за кое народот вели дека е поздраво и тоа е точно, рече тој.
Професорот Перишиќ претходно објасни каков јогурт не е здрав и како да препознаеме лажно сирење направено од зејтин, а сега изнесе интересна теза поврзана со мајчиното млеко.
– Во мајчиното млеко на доилка има А1 казеин првите два месеци. Бебето е родено, природата средила се, по два месеци престанува да го прави бидејќи повеќе не е потребен. На бебето му е потребно тоа бидејќи доаѓањето на свет е голема промена и голем стрес. Затоа млекото се смирува првите два месеци, а потоа се менува типот на казеин во мајчиното млеко. Од каде потекнуваат грчевите кај бебињата? Моја, и не само моја теза е дека тоа е реакција на страв на ситуации од надворешниот свет. Родителите мора да разберат, во моето село, кога снаа раѓа дете, нејзината задача е само да го нахрани, да го капе, да му пее, да му раскажува приказни… Опкружете го со љубов и топлина. И сега мајките имаат уште пет работни места, опслужуваат цели семејства, одат на работа, се грижат за емоциите кон мажите, преплавени се со обврски покрај детето, таа трема се пренесува и на бебето, рече тој.
Каде и како да се најде млеко А2, самиот професор Перишиќ признава дека тоа е комплицирано прашање.
– Кравите во Европа можат да се најдат локално, на Исланд, на островите меѓу Англија и Франција. Само црни, мали крави даваат А2 млеко, оние што шетаат во зима, даваат вистинско млеко – рече тој и разби една заблуда поврзана со „опасноста“ од млекото.
– Млечните масти не се опасни за холестеролот и срцето, туку бета-казеоморфинот е опасен – рече тој.