„Ова што се случи денеска се серија од победи. Палестинците покажаа доверба“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.

Офанзивата на Хамас е поддржана од Иран, а портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, им честиташе на Палестинците, велејќи дека тоа е успешна операција која отвора ново поглавје „во отпорот и вооружената операција против окупаторите“.

Канани во изјавата за иранската новинска агенција вели дека „она што се случи денеска се серија победи. Палестинците покажаа доверба“.

Тој дури додаде дека се надева дека оваа операција ќе донесе повеќе победи на патот кон слободата на Палестинците.