Според првичните информации, земјотресот кој ја стресе југозападна Македонија, но сериозно се почувствува во Скопје, се случи во 22 часот и 43 минути, на 17 км северно од Лерин, практично на самата граница со Македонија и на 119 км источно од Елбасан.

Тоа објаснува зошто земјотреост кој бил со сила од 5,8 степени по Рихтер, ги вознемири жителите на Охрид, Битола и Прилеп и целиот тој крај. Но, земјотресот сериозно се почувствува и во Скопје, што ги крена скопјани, посебно тие од повисоките згради на нозе.

Десет минути подоцна, во 22 и 53 се случил и првиот афтершок, кој не с епочсувтува посериознов о Македонија, иако бил со сила од 3,5 степени, а две минути подоцна следел вториот сериозен афтершок со сила од 4,8 степени.

Во периодот пред нас според сеизмолозите се очекуваат и афтершокови.