Српскиот композитор продуцент и член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Милиќ Мили во јавност ретко се појавува со сопругата Нина.
Александар и Нина се во брак повеќе од 14 години и имаат две деца, ќерката Миа и синот Маркус.
Уште кога нивните деца беа бебиња, Мили и сопругата ги водеа децата на патувања.
„Моите деца се талентирани, слушаат и изведуваат светска музика, а многу ми е драго што сами одбраа да ги слушаат најголемите уметници од минатото како што е Мајкл Џексон, Елвис..“,изјави Мили.
Кога пак станува збор за родителските дилеми, тој вели:
„Ако би ги учел своите деца да бидат скромни, не знам дали би им направил услуга или би им направил штета. Си поставував некои прашања, она што требам да им дадам е љубов и можност да се занимаваат со работи кои ги интеренсираат. Меѓутоа, мора сами да донесат одлуки. Уште кога беа мали им потенциравме дека секоја одлука е нивна. И да е погрешна, тоа е нивна одлука. Од мали нозе ги учиме да бидат самостојни и свои, да се почитуваат себе си, својата работа, резултати, но не им зборуваме – „ова е добро, ова не е…“ Не сум сигурен дали тоа е мудро бидејќи не сум ни сигурен во своите одлуки“, изјави Мили.
За потсетување, Александар е дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.