Најмалку 3 лица загинале, а повеќе од 10 се во болница поради последици од шумскиот пожар кој ветерот го донел до зградите во летувалиштето Манагвта, кај Анталија, на југот од Турција, соопштиле денеска надлежните.
Евакуирани се 20 градски и соседни села, 112 лица се повредени од кои 58 хоспитализирани, најмногу поради труење со дим.
Министерот за земјоделие и шумарство Бекир Пакдемирли рекол дека е скротен пожарот кој вчера избил и дека денеска нема загрозени имоти или луѓе.
Меѓутоа, денеска избил уште еден пожар, па пожарникарите и понатаму се на терен. Неколку куќи, продавници и возила се уништени.
Покраината Анталија во која избиле пожарите е популарна туристичка дестинација во Турција.
📸
📸
📸
Forest #fire in Turkish town Manavgat leaves several injured, one dead
▪️The fire spread quickly due to strong winds and hot weather in #Turkey's mediterranean region.
▪️Eighteen settlements were evacuated.
▪️Sixty-two people sought medical assistance, ten were trapped in fires. pic.twitter.com/gbKvFjzVDy— EHA News (@eha_news) July 29, 2021