Една од најпознатите улоги на цинкот е неговиот придонес во нормалната функција на имунолошкиот систем. Влијае на формирање и активирање на Т-лимфоцитите, бели крвни зрнца важни во борбата против инфекциите, па затоа недоволното внесување на овој минерал негативно се одразува на бројот и функцијата на Т-клетките, а со тоа и на имунитетот.

Можеби всушност е најлесно да се каже дека цинкот е одличен организатор кој му помага на телото да ги апсорбира сите други хранливи материи, па ако некој има недостаток на цинк, многу е веројатно дека има недостаток и од многу други хранливи материи, што потоа доведува до сериозни последици кои влијаат и на имунолошкиот систем.

Друга важна улога на цинкот е тоа што помага да се зачува плодноста и кај мажите и кај жените. Неколку студии исто така покажаа дека постои врска помеѓу недостаток на цинк во телото и лошиот квалитет на спермата. Холандските научници откриле дека испитаниците кои земале цинк и фолна киселина имале поголем број на сперматозоиди потоа.

На жените им требаат околу 12 mg цинк дневно, на мажите околу 15 mg, а на децата околу 10 милиграми. Возрасните може да земаат до 40 mg без негативни последици, но тоа не треба да биде долго, бидејќи ќе ја намали апсорпцијата на бакар и железо.

Храна богата со цинк: преработено месо, црвено месо, риба, ракови, школки, јаткасти плодови, сушен наут, млеко и млечни производи, житарици, печурки, грашок, тофу, сончоглед и семки од тиква.

Веганите, луѓето со несоодветна исхрана, доилките, луѓето со дигестивни проблеми кои ја попречуваат нормалната апсорпција (Кронова болест), алкохоличарите се изложени на ризик од недостаток на цинк. Пушењето го исцрпува и цинкот од телото.

Симптоми на недостаток

Недостатокот на цинк во организмот може да предизвика опаѓање на косата, нарушување на вкусот и мирисот, нарушување на растот, побавно зараснување на раните, намалена сперматогенеза, дерматитис, акни… Дури и помал недостаток влијае на работата на тимусот и го намалува производството на цитокини, важно медијатори на воспалителни болести.

Можни се интеракции со некои антибиотици и контрацептивни средства, но и со додатоци на калциум, магнезиум, бакар и железо. Затоа треба да се консултирате со лекар пред да го земете.