Мартин Боесен, докторот на данската фудбалска репрезентација, раскажа што се случило во моментот кога фудбалерот на оваа селекција, Кристијан Ериксен, ја изгубил свеста за време на првото полувреме од натпреварот против Финска.

-Ни се јавија од теренот, штом Кристијан се онесвести. Кога истрчавме до него, тој дишеше. Го проверивме неговиот пулс и тој го имаше. Сепак, тогаш одеднаш престанавме да го чувствуваме пулсот. Веднаш почнавме да интервенираме за да го одржиме жив. За среќа, тој остана со нас, изјави Боесен за данските медиуми.

Лекарот вели дека вештачкото дишење му го спасило животот на асот на Интер.

-Лежеше неподвижен, па веднаш започнавме со вештачко дишење. Токму тоа вештачко дишење му го спаси животот. Многу ни помогна и докторот на стадионот, со чија помош му ги вративме свеста и пулсот на Ериксен – заврши Боесен.