Немало нова сообраќајна несреќа попладнево кај Катланово.
Погрешна била информацијата што претходно до медиумите ја испратија од Ценатрот за управување со кризи, а по известување од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
„Поради технички причини од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека патниот правец Велес -Скопје не е во прекин и немало сообраќајна незгода. Информацијата од нивна страна по грешка е пуштена за настанот кој се случил на 26.06.2023 година“, објави ЦУК во корекцијата.
По објавата, МВР барало проверка на информацијата, и се испоставило дека на тоа место немало денес сообраќајка несреќа.