Босанскиот футсал играч Џенан Челигија ненадејно почина на 32-годишна возраст од последици на срцев удар на тренинг, пишува Klix.ba.

Станува збор за еден најдобрите футсал играчи во Босна и Херцеговина, а вчера играше за својот Коњиќ и постигна гол во победата против МНК Чулин Млин (4:0) и таа победа ја прослави со соиграчите.

И еден ден подоцна, се случи трагедија, Џенан само се срушил… За жал, срцевите проблеми не му беа новина, тие му беа познати, но не беа третирани како посериозни.

Во Коњиќ пристигна во јануари, а претходно го носеше дресот на Центар и Танго. Во текот на кариерата, тој се испроба во Кина и Германија.