Жителите на населеното место Иматија во соседна Грција останаа во жалост по ненадејната смрт на 23-годишната Дафне.
Според информации од семејството, несреќното девојче во петокот (17/5) наутро станало од креветот со тешко отежнато дишење и додека им се жалела на родителите дека се чувствува лошо, веднаш потоа колабирала.
Младата девојка итно била пренесена во болница каде лекарите констатирале смрт. Првите проценки на лекарите говорат за срцев удар додека се чекаат резултатите од хистолошките тестови за расветлување на причините за трагедијата.
Неутешните родители на 23-годишната девојка во саботата (18/5) го придружуваа своето дете до неговото последно живеалиште со многу неодговорени прашања кои ги мачат нивните умови и души бидејќи нивната ќерка била здрава и немала никаков здравствен проблем.
Пријателите на Дафне се збогуваат со неа на социјалните мрежи, изразувајќи ја својата тага за нејзината ненадејна смрт.