„Иако знаеме дека како личност беше повлечен и не ти се допаѓаше премногу експонирање, со оваа објава сакаме јасно да ставиме до знаење дека твоето заминување е непоправлива загуба за сите нас, а најмногу за твоето семејство, на кое сакаме да го изразиме и нашето најдлабоко сочувство“, стои во објавата на Фејсбук страницата на сплитски локал.
Почина младиот готвач Лука Бегоња, а вработените во сплитскиот ресторан Кавана бар и кујна се простија од него со емотивна објава на социјалните мрежи.
„Драг наш Лука, прерано не напушти… Тешко ни е да најдеме зборови за да ја опишеме тагата и празнината што ја чувствуваме. Покрај тоа што беше добар и верен пријател, беше врвен професионалец и личност која пристапуваше кон работата со многу страст и знаење. Ти ни помогна да го поставиме овој проект наречен Kavana bar & cuisine како главен готвач и ти благодариме за тоа. Ти благодариме за секој убав збор, креативен предлог, идеја, трпение…“ се вели на почетокот на објавата.
„„Иако знаеме дека како личност беше повлечен и не ти се допаѓаше премногу експонирање, со оваа објава сакаме јасно да ставиме до знаење дека твоето заминување е непоправлива загуба за сите нас, а најмногу за твоето семејство, на кое сакаме да го изразиме и нашето најдлабоко сочувство. Почивај во Божји мир драг наш Лука“, заклучуваат тие во објавата под која почнаа да се редат коментарите на сочувство.
Инаку, во јавноста малку се знае за Лука, а се знае само дека тој бил сопственик на компанијата Шеф Лука со седиште во Солин.