Поголем дел од Скопје пред малку остана без струја. Населбите Аеродром, Ново Лисиче, Водно, Кисела Вода, Центар, Катланово, Козле, Тафталиџе и се само дел од местата кои останаа без електрична енергија. Непознато е каде е дефектот и што е причината за истиот.

Низ улиците на градот не работат семафорите, што предизвика отежнување на сообраќајот.

Според неофицијални информации се работи за голем дефект, а неколку пати досега се случи струјата да се врати и за неколку секунди повторно да ја снема.

Од ЕВН засега нема коментар.