Елвир Бајрамовиќ од босанскиот град Цазин, кој замина во Германија во потрага по подобар живот, оставајќи го своето семејство во родниот град, почина утрово како последица од тешка болест, јавуваат регионалните медиуми.

Како што вели Семир Клишиќ, негов близок пријател, Елвир починал во Германија, а датумот на погребот ќе биде дополнително објавен.

Видеото, во кое Елвир пред две години пристигнува од Германија на само еден ден за да го израдува неговиот син, кој во тоа време беше во Загреб на меѓународниот турнир, го расплака тогаш регионот.

„Тато, чувај се, најмногу те сакам на светот“, вели детето со солзи во очи додека го снима видеото за неговиот татко, за во следниот момент да му кажат дека имаат изненадување за него.

Тогаш Елвир Бајрамовиќ успеа да добие бесплатен викенд и помина 600 километри во една насока за да дојде и да го поддржи Емел и неговиот тим на турнирот, иако мораше да се врати во Германија веднаш по турнирот.

За жал, Елвир ја загуби најважната битка во животот што ја водеше против туморот.