Марко С. (28) и Ксенија Ј. (31), загинаа вчера во Белград. Несреќата се случила кога Павле С. (28), возач на „голф 6“ со голема брзина удрил директно во бандера!

Возачот не е повреден во страшната несреќа, а утврдено е дека во тоа време имал 0,59 промили алкохол во крвта, поради што му е одредена мерка притвор до 48 часа. Марко му бил прв братучед на Павле, а со Ксенија биле кумови.

Трагедијата се случи откако возачот изгуби контрола над возилото со голема брзина, излета од патот и удри во столб на тротоарот.

Според првите проценки, возачот одел дури и побрзо од 150 километри на час, а поради силината на ударот, Марко С, кој седел на совозачкото седиште, и Ксенија Ј, која седела на задното седиште, испаднале од возилото и починале на лице место.

Целата десна страна на автомобилот е скршена, а според очевидци, делови од телото и возилата летнале на 20 метри од местото на несреќата.

Биле на забава

Братучедите и Ксенија, која најверојатно им била пријателка, се враќале дома. Тие биле на домашна забава кај пријателка. За жал, не стигнаа дома. Пријателите на братучедите велат дека „голфот“ бил на загинатиот Марко.

– Не знаеме што му дал на Павле да вози, можеби испил повеќе од него. Патем, Павле има само пробна дозвола и е неискусен возач. На никого не му е јасно зошто возел толку брзо, раскажуваат пријателите низ солзи.

Секој има само пофални зборови за загинатиот Марко.

Работел во американска компанија, како диспечер кој го следи движењето на камиони.

– Момчето секогаш внимаваше во возењето. Убаво, културно и образовано дете … Павле е исто така добро момче, но во однос на Марко, тој е многу потемпераментен и поопуштен, вели познаник.