Американскиот сенатор, член на Комитетот за разузнавање на кој агентите му даваат оперативни податоци, напиша на Твитер дека е очигледно дека „со Путин не е сè во ред“.
Американскиот сенатор Марко Рубио објави твит кој за кратко време го „запали“ интернетот. Републиканскиот сенатор, инаку член на Комитетот за разузнавање на Сенатот, ја коментираше ситуацијата на рускиот претседател Владимир Путин и сугерираше дека „нешто не е во ред со него“.
Рубио има пристап до информациите обезбедени од американски разузнавачки агенти во рамките на тој комитет, и тој го напиша следново.
I wish I could share more,but for now I can say it’s pretty obvious to many that something is off with #Putin
He has always been a killer,but his problem now is different & significant
It would be a mistake to assume this Putin would react the same way he would have 5 years ago
— Marco Rubio (@marcorubio) February 26, 2022
– Би сакал да споделам повеќе информации со вас, но сè што можам да кажам засега е дека на многумина им е сосема очигледно дека нешто не е во ред со Путин. Тој отсекогаш бил убиец, но сега неговиот проблем е различен и значаен. Би било грешка да се претпостави дека овој Путин ќе реагира исто како пред пет години, напиша тој.
Претходно Путин се согласи да се сретне со Владимир Зеленски, испрати порака до украинскиот народ, а многумина се прашуваат дали говорот со кој се најавува воената операција е однапред снимен.