– Ако Зајчев Рид лаже, Мерцедес не лаже, Скопје денес во центар, напиша на својот Фејсбук профил еден корисник на социјалните мрежи, притоа објавувајќи фотографија на која температурата изнесува дури 53 степени.
Топлотниот бран кој го зафати регионот предизвика дел противпожарни служби да излезат со предупредување до граѓаните да внимаваат, особено кога се во автомобилите, а температурата е над 30 степени целзиусови.
Така Противпожарната служба во Загреб на својата Фејсбук страница предупредува на големи жештини. Тие објавиле фотографија на која се гледа за колку минути расте внатрешната температура во автомобилот во споредба со надворешната температура.
„ Жештините се тука, не ги оставајте децата и домашните миленичиња во автомобил“, гласи предупредувањето.
Од фотографијата се гледа дека при надворешна температура од 38 степени, животот е загрозен веќе за 5 минути ако сте во затворен автомобил.
ЗАЛАДУВАЊЕ ВИКЕНДОВ
Во поголемиот дел од земјата денеска и утре ќе се задржи многу топло време. Максималната температура денеска ќе достигне до 40-от степен, а утре до 39. УВ индексот ќе биде 9, велат од УХМР.
Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови ќе има и поинтензивни процеси понекаде во форма на невреме со појава на град и засилен ветер. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени односно во сабота ќе достигне до 37 степени додека во недела 35.
Од понеделник температурата повторно ќе се зголемува.