Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ Шејла Зониќ никогаш не криела дека нејзиниот сопруг Армин ѝ е голема поддршка и дека токму тој ја убедил да се пријави на натпреварот на кој таа победи синоќа.
Шејла и Армин се во хармонична врска веќе три години, од кои две години во брак. Пејачката вели дека нејзиниот сопруг ѝ е голема поддршка и дека прават се заедно кога е нејзината кариера во прашање.
– Луѓето често мислат дека Армин е само мој сопруг. Немаше да бидам овде денес на натпреварот да не беше тој. Се двоумев дали да се пријавам, дали сум подготвена за тие работи, дали овој свет е за мене. Музиката е нешто што го живеам, но да не беше тој немаше да се појавам, ме поддржа. Тој ги води сите мои социјални мрежи, тој е креатор на сите објави. Не ме убедуваше дека морам да се пријавам, само ми кажа кои се придобивките, кои се недостатоците и јас ги измерив – изјави таа неодамна за Гранд.
Шејла еднаш раскажа како го запознала својот сопруг, кој со години работи како полицаец во Тузла.
– Се запознавме преку социјалните мрежи, слушнав за него од моите пријатели, но не се познававме. Прво се допишувавме, а потоа се видовме. Армин тргна на 4 часа патување од Тузла и кај мене дојде од ноќна смена. Така започна се, веднаш знаевме дека тоа е тоа – изјави победничката на „Ѕвездите на Гранд“.
Да потсетиме, Шејла веднаш по прогласувањето се огласи за Гранд и откри како се чувствувала по освојувањето на „Ѕвездите на Гранд“
– Збунета сум, има многу емоции во моментов, но сите се позитивни емоции. Чекам утре се да се среди, но пресреќна сум што ги исполнив моите очекувања, но и очекувањата на моето семејство и на сите кои гласаа за мене – изјави Шејла Зониќ со солзи во очите во ексклузивното интервју за Гранд.