Петгодишно дете почина во Вучитрн (на албански Vushtrri) на Косово од повреда за која постои сомневање дека е предизвикана од огнено оружје (пиштол).
– Пријавено е дека во болницата во Вучитрн било донесено за лекарска помош 5 годишно дете. Лекарите соопштија дека детето починало како последица на повреди за кои постои сомнение дека се предизвикани од огнено оружје. Според првите информации од истрагата, инцидентот се случил во дворот на куќата на детето, изјави синоќа за РТК Авни Заити, портпаролот на полицијата за регионот на Митровица.
Според него, на лице место биле пронајдени и одземени чаура и пиштол.