Во Црна Гора беше издадено предупредување за бурни ветрови и обилни врнежи од дожд, а на плажата Плоче во Будва беше истакнато црвено знаме поради големите бранови. Сепак, некои капачи не брзаа и покрај наредбата на спасувачот да излезат од водата.

На страницата на Инстаграм „Подгорички времеплов“ е објавено видео од тврдоглави и неодговорни капачи кои се борат со високите бранови создадени од силен ветер. Како што можете да видите, брановите ги фрлаат на карпите.

– Иако ситуацијата на море денес е многу покомплицирана поради зголемениот ветер и големите бранови, капачите не го почитуваат истакнатото црвено знаме – стои во описот на едно видео.

Да потсетиме, за помалку од 24 часа две лица се удавија во морето во Црна Гора. Мажот П.М. (31) загина на плажата Пржно кај Тиват, кога брановите го повлекле од карпите во морето. Тело на друг давеник е пронајдено во водата кај Петровац само неколку часа по трагедијата кај Тиват.

View this post on Instagram

A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov)

View this post on Instagram

A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov)