Анита Јуриќ (36) исчезна во Загреб на 11 јуни. Како што е наведено на nestali.gov.hr, Анита се оддалечила од својата адреса на улицата „Владимир Ружџак“ во Загреб. Во моментот на исчезнувањето таа носела светло зелена маичка со кратки ракави, сиви хеланки и бели патики.

– Кумата исчезна во вторникот околу 18:45 часот. Таа од автомобилот на паркингот во населбата Савица влегла во кафулето „Галерија“ и таму пиела кафе и кока кола, околу три часа седела и разговарала на телефон со некого. По три часа таа набрзина го напуштила кафулето и повеќе не била видена. Многу е чудно што отишла некаде без нејзините три деца. Никогаш не би ги оставила, тие и се сѐ.

– Ретко кога ги оставаше кај некоја од пријателките да се грижиме за нив, само кога мораше да направи нешто. Ве молам секој што има информации да се обрати во полиција, поминаа шест дена. Само да знаеме дека е добро, барем да се јави дека е добро, што и да е, ќе го решиме – вели емотивно нејзината кумашинка Кристина.

Анита е висока 165 сантиметри, со кафени очи, а косата ѝ е костенлива. На страницата на исчезнати стои и дека е со послаба градба, дека носи патики број 40, дека е родена во Загреб и има хрватско државјанство.

Исчезнувањето го истражува Полициската управа во Загреб. Доколку некој од македонските државјани во Хрватска има информации за ова лице, надлежните замолуваат да биде известена најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-поштата: [email protected].